October 27, 2020 11:01
Македонија

Костовски: Затворањето на Еуростандард банка е заговор, нема да бегам од земјава

Кој стои зад тоа, јас ќе бидам толку упорен да дознаам. Немам докази, но ќе ги обезбедам. Јас пред себе имам еден Кинески ѕид, НБРМ и државата. Изразувам солидарност кон оштетените. Нема да бегам од земјава, немам потреба да изнесувам пари. Сè што сум имал сум вложил во банката, рече бизнисменот Трифун Костовски.