October 6, 2022 12:00
Македонија

Костовски: Бројката од 910.000 граѓани кои ќе гласаат на референдумот е научна фантастика

,,Бројката од 910.000 луѓе кои треба да излезат на референдумот за да биде успешен е научна фантастика.”- рече пратеникот од СДСМ, Мартин Костовски во емисијата „24 анализа“.

-Истото го кажа и лидерот на Левица. Апел да кажеме дека нема да дозволиме враќање на маса на стари ретроградни процеси, туку на маса е ставен планот за работа и брз од кон ЕУ. Партијата СДСМ во наредниот период ќе излезе со соопштение околу новата иницијатива, изјави Костовски во емисијата „24 анализа“ околу тоа како го коментира новото референдумско прашање, кое вечерва го обелодени претседателот на Левица, Димитар Апасиев.