June 16, 2021 17:13
Македонија

Костадинов: Со Планот за економски раст со околу 70 милиони евра се поддржани 800 компании

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во континуитет е посветена на поддршка на домашната економија, вели портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

Според него, освен помошта за спас на работните места, Владата ги помага и инвестициските подвизи во домашната економија.

„Преку Планот за економски раст во изминатите три години со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании, од нив, 42 милиони евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој“, вели Костадинов.

Ова се пари од Буџетот вложени директно во домашната економија, вложени во развој и отворање на нови добро платени работни места, смета портпаролот на СДСМ.

Тој потенцира дека државната помош освен што обезбедува сигурност, директно влијае и на долгорочен развој на компаниите и севкупната економија.

„Економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат и тоа е потврдено со бројни статистички податоци. Се надминуваат последиците од коронакризата, во изминативе месеци бележиме раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, додекa стапката на невработеност благо опаѓа. Сето тоа се податоци што покажуваат дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична“, констатира тој.

Напомена дека поддршката за домашната економија продолжува и понатаму и дека во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет економски мерки.

KissAnime dubbed anime: Attack on Titan Final Season Episode 16

AnimeDao steins gate animedao: Hunter x Hunter (Dub) Episode 148