January 17, 2021 12:43
Македонија

Костадинов за протестот на опозицијата во Струмица: Ништо, не направивте ништо, вашиот придонес е еднаков на нула

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов на Фејсбук коментираше за денеска најавените протести на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, како и во десет други града во земјава.
-Денеска вмро дпмне, ќе се вози низ мојата Струмица, ќе протестирале. Одлично! Возете низ булеварите, направени од СДСМ и Зоран Заев, низ убавите струмички улици, осветлени со лед светилки, проект на СДСМ и Зоран Заев, видете го преубавиот плоштад изграден од СДСМ и Зоран Заев, во подземната сообраќајница, направена од СДСМ и Зоран Заев. На крај застанете пред штабот на вмро дпмне, погледнете се во очи и запрашајте се самите себе. Кој е нашиот придонес во сево ова? После тоа направете уште еден ист круг, се додека не си дадете одговор.
На крај убеден сум дека ќе разберете. Ништо, не направивте ништо, вашиот придонес е еднаков на нула, напиша Костадинов.