October 31, 2020 00:16
Македонија

Костадинов: Да не бев политичар ќе бев пилот

Пратеникот Коста Костадинов е дел од новото издание на „30 прашања со” што го објави денеска СДСМ. Најдобар пријател на портпаролот на партијата е неговата девојка, а омилена телевизиска серија му е „Хаус оф кардс“ која ја гледа со добро оладена чашка струмичка мастика.

Што одговори Костадинов на “30 прашања со” може да видите во видеото.

30 прашања со Коста Костадинов

Кој филм можеш да го гледаш по сто пати, најдобриот совет што ти го дале, се само дел од 30-те прашањата што Коста Петров му ги постави на Коста Костадинов, портпаролот на СДСМ во новото издание на "30 прашања со".

Posted by СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија on Петок, 17 јануари 2020

Претходно дел од „30 прашања со” беа вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска,  техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.