January 28, 2020 02:08
Македонија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред државата и граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски мора да покажат одговорност пред државата и граѓаните и заеднички да допринесеме во воспоставувањето на правдата и правната држава.

Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Предлог токму на ВМРО-ДПМНЕ беше Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство и е беше прифатено. Јавноста знае дека обивнителите ги бира Советот на јавни обвинители. Предлог законот предвидува спојување и оттука логично е мандатот да го продолжи обвинителката којашто веќе ја извршува оваа функција.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат конструктивност и да го поддржат новото законското решение за јавно обвинителство. Тоа е значајно за правдата, за државата, за реформите.Борбата против криминалот не смее да познава политички бои.Секој за кој, во постапка ќе се утврди дека работел спротивно на законските мора да одговара. Владеењето на правото мора да биде независно и неселективно.

Нови вести

Жбогар ги повика партиите да го донесат Законот за јавно обвинителство

Filip

Манчевски на ТВ 24: Со Законот за раководна служба до крај ќе ја департизираме администрацијата, ВМРО-ДПМНЕ и со тоа не се согласува

Filip

Дескоска: Обвинителите од СЈО ќе се оценуваат при конкурсот за влез во Обвинителството на Русковска

Filip