June 28, 2022 14:26
Македонија

Костадиновска-Стојчевска во Рим на концерт на тенорот Благој Нацоски во чест на светите браќа Кирил и Методиј

„За Кирил и Методиј е запишано дека биле векови пред своето време. Затоа и чествувањето на нивната мисија треба да биде достојно, достоинствено и далекугледо. Тие не создадоа писмо, азбука, збор за поделби. Тие се дадоа себе за да создадат универзално добро. Не случајно Ватикан ги прогласи за Патрони, Заштитници на Европа, а нивните дела за цивилизациска вредност”, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на чествувањето на манифестацијата „Денот на свети Кирил” во Рим, Италија, во чии рамки концерт одржа реномираниот тенор Благој Нацоски.

Пред концертот, кој се одржа во салата „Балдини” во Рим, во своето кусо поздравно обраќање министерката за култура потенцираше дека е голема пораката на мудрите сесловенски просветители Кирил и Методиј во битката дека секој народ има право да пишува, да зборува и да му се моли на Бога на својот јазик.

„И денеска, кога и јас пред вас говорам на македонски, еден од јазиците кој ѝ припаѓа на словенската група јазици,  има ли поголем повод и подобар миг да ги слушнеме зборовите на Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов… отпеани од нашиот најпознат тенор во светот, од нашиот амбасадор на културата во оваа прекрасна земја, нашиот Благој Нацоски”, рече Костадиновска-Стојчевска.

Маестро Благој Нацоски настапи во пијано-придружба на Алесандро Д’Агостини, а на програмата беа дела од Страдела, Хендл, Хајдн, Фирфов, Тодор Скаловски, Трајко Прокопиев, Благој Цанев… Беа изведени стихови од Владо Малески, Блаже Конески, Славко Јаневски, Ацо Шопов.

Во рамките на чествувањето на светите Кирил и Методиј, во киното „Тицијано” утре ќе биде прикажан документарниот филм „Медена земја” во режија на Тамара Котевска, чие претставување е на иницијатива од Македонската амбасада во Рим и Асоцијацијата „Жени дипломати” при МНР на Италија АЦДМАЕ.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска е член на државно-црковната делегација предводена од претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, која денеска и утре престојува во Италијанската Република и во Ватикан по повод чествувањето на светите Кирил и Методиј. Костадиновска-Стојчевска денеска беше и на аудиенцијата кај поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата Светост папата Франциск, а делегацијата положи и венец на спомен-плочата на македонски јазик. За утрешниот ден е предвидена посета на базиликата „Сан Клементе”, каде што ќе се одржи молебен во чест на св. Кирил, на кој ќе началствуваат митрополитите г. Пимен и г. Јосиф.

may88 nhà cái cho go88

https://tai.sunwin.gg/