September 25, 2021 01:22
Македонија

Костадиновска од трибината „Најдоброто за нашата општина”: Секогаш кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да дојдат да си ја заработат платата и да гласаат помош за граѓаните, јас ќе сум таму

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска на трибината „Најдоброто за нашата општина” во Битола се осврна политиките на СДСМ, на реализираните ветувања во изминатите четири години.
Воведовме поврат на ДДВ, досега вративме 36,3 милиони евра кај граѓаните како дел од ДДВ искажано во фискалните сметки, со новиот закон за отпис на камати и долгови предвидуваме отпис на долгови и камати на 150.000 граѓани на државата, ги изгласавме и измените на Законот за работните односи, кои беа наше предизборно ветување, а кои се однесуваат на пензионирање со 64 години возраст и 15 години стаж, истакна Костадиновска.
Таа додаде дека е исполнето ветувањето за намалување на администрацијата, се отвораат можности за вработување на младите, а ДДВ-то за електрична енергија го намаливме од 18% на 5%.
Пред само десет дена во Собранието го изгласавме законот за утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и коридор 10 односно делницата на автопатот Прилеп – Битола, истакна Костадиновска, додавајќи дека со ова се остварува уште едно ветување.
И сето ова во и многу повеќе сработивме во време на пандемија, во време на здравствена и економска криза, нагласи Костадинова, додавајќи дека и и во вакви услови ВМРО ДПМНЕ знаеше само да кочи и блокира, да одмага и да не гласа.
Секогаш кога пратениците од ВМРО ДПМНЕ нема да дојдат да си ја заработат платата и да гласаат помош за граѓаните, јас ќе сум таму! Ќе гласам! Вие сте на прво место! Затоа сме избрани- да работиме за вас! Јас сум народен пратеник и таква планирам да останам! Ние сме власт на која граѓаните им се на прво место! И ако треба да одговарам, преферирам да одговарам за гласањето за петтиот пакет мерки отколку за украдени пари и наместени тендери, порача Костадиновска.

Website https://animeflix.nl: Watch Maria Watches Over Us: Printemps animeflix Episode 6 animeflix attack on titan

KissAnime Watch english anime Online in HD for FREE

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

AniWatch Watch anime online, English anime online HD

Seedandspark: https://seedandspark.com/user/gogoanimebe

Imageshack: https://imageshack.com/user/animeflixnl