October 22, 2021 08:54
Македонија

Костадиновска од Битола: Подобро да бидам пред суд за гласање со корона отколку пред суд за местење тендери

Битола веќе не е општина во долгови туку пример каде се враќа сјајот во образованието, без корумпиран превоз, пример за отчетно и транспарентно работење, а ова е бидејќи отсекогаш знаевме што е најдобро за нашата општина, рече на трибината во Битола, пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

-Она што го ветивме го остваривме, а тоа е законот за автопатот Битола-Прилеп .Мерката ДДВ враќа 28.000 денари пари кај граѓаните на годишно ниво, зголемена е миналната и просечната плата, намалена е границата на пензионирање. Ветивме дека ќе се намали ДДВ-то на струјата, и го оставривеме, рече таа.

Костадиновска потсети дека СДСМ вети членство во ЕУ ќе се случи единствени со македонски јазик и националност.

-Ниту една лажна вест тоа нема да го промени, членка сме на НАТО, ова образование сега е светлосни години напред за разлика од времето во ВМРО-ДПМНЕ и тоа во време на пандемија, а опозицијата кочеше и блокираше, тие не сакаат да влезат внатре, буквално седеа пред салата и не гласаа, го кочеа секој закон, еве и сега ребалансот на буџетот се кочи со беспотребни говори. Но во овој ребаланс нема средства за барок, стиропор и статуи, овој ребаланс е за парите да се вратат назад кај вас, кај граѓаните, рече таа.

Костадиновска рече дека кога влегла да гласа во Собрание, болна од Ковид-19, под посебни протоколи, еден дел од сограѓаните барале оствака,а друг дел се плашеле мислејки дека прави кривично дело.

-Јас ви порачувам на сите дека секогаш ќе бидам на страна на граѓаните, подобро под било кои протоколи во Собрание отколку да блокирам , јас сум платена од вас и јас работам за вас, порадо ќе бидам пред суд за гласање со корона отколку пред суд за местење тендери, рече таа.

AniWatch: Tenchi Muyou! GXP anime episode 26 online free at https://aniwatch.pro anime online

TwistMoe Watch anime online, English anime online HD

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Watch Yoiko Episode 20

Articleusa: https://articleusa.com/members/animefreakws/

Tldrlegal: https://tldrlegal.com/users/gogoanimebe