December 4, 2022 19:56
Македонија

Костадиновска: Нема интерес од Арсовска за реконструкцијата на Универзална сала, проектот ни е спремен и имаме пари

Градоначалничката на Град Скопје не покажуваше никаков интерес да се продолжи со реконструкцијата на Универзалната сала, кажа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24. Според неа, навистина се чувствува нефункционалноста на салата во културниот живот.

-Во 2019 година пари од буџетот, преку Министерството за култура биле префрлени, заедно со писмо за соработка со Град Скопје, за целосна реконструкција на салата, но тоа не се случува. Ние со министерот за локална самоуправа зборувавме со градоначалничката за да можеме да и излеземе во пресрет за реконструкцијата на Универзалната сала, бидејќи парите стојат на сметка, проектот е таму, кажа министерката.

Таа додаде дека, наспроти она што го тврдеше Арсовска на почетокот на годината, проектот е безбеден и потврден од сите релевантни институции.

-Градоначалничката сега треба да ни прати фактичка состојба и потврда дека парите се на сметката на Град Скопје. Овој проект треба да ги надмине сите лични и политички проблеми, бидејќи е од витално значење, рече Костадиновска Стојчевска.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor