June 18, 2019 17:20
Балкан

Косовското Собрание не ја усвои резолуцијата со која му се забранува на Тачи да преговара за границите

Собранието на Косово, поради немање кворум, денеска не успеа да ја усвои резолуцијата од парламентарната дебата во врска со ангажирањето на претседателот на државата Хашим Тачи за вклучувањето на „размената на териториите” или „корекцијата на границите” во преговорите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Резолуцијата предложена од двете најголеми опозициски партии во Собранието, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), беше ставена на гласање, меѓутоа во собраниската сала немаше доволен број пратеници за нејзино изгласување.

Поради истата причина пропадна и обидот за усвојување резолуција за, како што побараа ЛДК и ВВ, „неуспесите и скандалите во надворешната политика на Република Косово”

Нови вести

Ѓукановиќ: Туѓото не го сакаме, нашето не го даваме

Igor

„Шќип”: Доколу има обид за одржување избори на 30 јуни, Мета ќе ја извади војската на улица

Igor

(Видео) Рама со протест дочекан во Лондон

Igor