November 19, 2019 02:10
Балкан

Косовската Влада го повлече нацрт-законот за финансирање на партиите

Владата на Косово објави денеска дека го повлекува предлогот за измени и дополнувања на Законот за финансирање на политичките субјекти, и покрај тоа што истиот е поминат во прво читање во косовското Собрание, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката на Владата на Рамуш Харадинај следува по бројните реакции во косовската јавност и протестите на коалицијата од 100 невладини организации, кои се против таквото законско решение, затоа што, според нив, со него се намалуваат надзорот и контролата врз финансиите на политичките субјекти, како и нивната транспарентност и отчетност пред јавноста.

Повлекувањето и доработката на нацрт-законот премиерот Харадинај ја најави по последниот протест, минатиот петок, на претставници на организациите на граѓанското општество пред Собранието на Косово.

– По загриженоста што ја изрази граѓанското општество во однос на измените на нацрт-законот за финансирање на политичките партии, предложив на наредната седница на Владата на Република Косово да се донесе одлука за повлекување на овој нацрт-закон од Собранието на Косово. Знаејќи го значењето што овој нацрт-закон го има за развој на демократијата во земјата, потребата од транспарентност во водењето политика и вклучувањето на сите страни во неговото создавање, повлекувањето на нацрт-законот и неговото препраќање, со добра законска и демократска основа, е вистинското решение, напиша Харадинај на својата страница на Фејсбук.

Повлекувањето на нацрт-законот го побара и шефицата на канцеларијата на Европската унија во Приштина, Наталија Апостолова.

Нови вести

Хрватскиот државен врв на комеморација за жртвите во Вуковар

Filip

Драма во Белград: Маж се заклучил во станот, се заканува дека ќе пука

24news

Ѓуриќ: Курти е закана за стабилноста на регионот и Европа

Igor