October 6, 2022 13:14
Балкан

Косово има доволно оружје да одговори на евентуален напад

Пратеникот на Самоопределување, Мефаиљ Бајчиновци, изјави дека Косово е подготвено и има доволно оружје да одговори на евентуален напад, пренесува „Репортерс“.

„Косово е подготвено за секаков напад. Владата, полицијата и безбедносните агенции се подготвени. Вооружени сме и имаме финансиски средства“, рече Бајчиновци.

„Косово има капацитет затоа што има искуство во оваа област. Има оружје, оружје е купено. Моделите се нови. Со ова што го имаме, земјата ќе биде заштитена“, рече тој.

Албин Курти во последните месеци често ги повторуваше во медиумите своите изјави за можна војна на Косово и обвинувањата против Србија, потсетува Косово онлајн.