October 27, 2020 10:38
Спорт

Коронавирусот влезе и во Работнички

Десетина дена пред стартот на новата кошаркарска сезона во Македонија коронавирусот влезе и во најтрофејниот Работнички. Двајца кошаркари на „центарци“, едниот странец, вториот домашен играч, се пожалиле на симптоми на Covid-19, а по тестирањето добиле позитивни резултати.

Се очекува во следните 24 часа да бидат тестирани сите кошаркари на Работнички. За ситуацијата информирана е и Кошаркарската федерација. Работнички во првото коло треба да се сретне со МЗТ Скопје.