Македонија

Координативен состанок на работните групи за создавање стратегија за паметна специјализација

Со координативен состанок денеска почна работата на групите кои ќе ја создадат Стратегијата за паметна специјализација, која е во насока на развој на економијата, иновациите и евроитеграците на Република Северна Македонија. Како што соопшти Министерство за образование и наука, во работата учествуваат претставници од повеќе министерства, научни установи, институции и организации.

Министерката за образование и наука Мила Царовска на членовите на работните групи им посака успешна работа и рече дека очекува стратегијата да има практична примена во економската трансформација на земјава која, како што рече, треба да е базирана на знаења, но и на истражувања и иновации како база за економски раст и развој. – Стратегијата е од огромен интерес за Република Северна Македонија и има единствена цел да поттикне економски развој, да поттикне отворање нови работни места и да ја зајакне интерсекторската и интеринституционалната соработка со владиниот сектор. Пред нас и пред вас како координатори на овој процес е една од најкомплексните фази на паметната специјализација – процесот на претприемничко откривање во владиниот сектор, бизнис-сектор, научно-истражувачки и граѓански сектор, истакна Царовска.

Како што информира МОН, Царовска потенцираше дека Министерството за образование и наука, исто како и Министерството за економија, во многу сегменти се дел на единствена политика на економски развој, во овој случај пресликана во Стратегијата за паметна специјализација, која има директен удел и во двете преговарачките поглавја, 20 и 25, во процесот на пристапување кон ЕУ поврзани со индустриската политика и истражувањето и иновациите.

– На координативниот состанок министерката им се заблагодари за поддршката на партнерите во овој важен процес, како што се Светска банка, ГИЗ, Швајцарскиот проект ИМЕ, посочува МОН во соопштението.

4Anime - Watch English Anime Online For Free in HD | 4Anime.biz. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

Naruto (Dub) Episode 212

4Anime My Hero Academia Season 5 (Dub) Episode 23

4Anime Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

My Hero Academia Season 5 Episode 23

4Anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles