March 27, 2019 02:31
Култура

Концерт „Диско треска” по повод Василица

„Диско треска” („Disco Fever”) е гала концертот што по повод празникот Василица ќе биде изведен на 12 и 13 јануари годинава, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет.

Диригент на концертот е Бисера Чадловска, а режисер Дејан Прошев. Публиката ќе може да ги слушне најдобрите диско хитови  од 70-тите години од минатиот век во целосно нови симфониски аранжмани. Ќе бидат изведени хитовите „Staying Alive”, „Night fever”, „Hot stuff”, „Upside down”, „Ain’t nobody”, „Dancing queen”, „That’s the way like it”, „Don’t stop till you get enough” и многу други популарни хитови на Gloria Gaynor, Donna Summer, ABBA, Bee Gees, Michael Jackson, Boney M и останати диско изведувачи  во живо со оркестарот и балетот на МОБ.

На концертот ќе настапат Дани Димитровска, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Александра Јанева, Елена Петреска, Маја Саздановска, Лина Пејовска, Александар Тарабунов, Ана Мицковска, Горан Наумовски, Полина Тасева, Лена Заткоска-Маротова, Лина Авшар. Специјален гостин е Кире Ѓоревски.

Нови вести

ИФФК „Браќа Манаки“ награден од ИМАГО – течат подготовките за 40. јубилејно издание на фестивалот

Filip

ИФФК „Браќа Манаки” се подготвува за 40-годишниот јубилеј

Valentina

Мице Јанкуловски – добитник на Наградата Лоренцо Ил Мањифико на Биеналето Фиренца 2019

Valentina