September 24, 2019 11:17
Македонија

Концептот парите кај граѓаните е системски, повисоки плати во грдинките, пониски сметки за парно и поефтина нафта за земјоделците

Реализацијата на мерките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните се одвива постојано и непречено, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

-Според официјалните информации, заклучно со јули 2019 година повратот на ДДВ кон претпријатијата во однос на истиот период од 2018 година е поголем за 14,5 отсто. Тоа, во апсолутни бројки значи 30 милиони евра повеќе назад во стопанството, во споредба со првите седум месеци од минатата година. Истовремено, мерката за поврат на дел од платеното ДДВ кај граѓаните дава одлични резултати. Досега, вкупно се скенирани над 9,5 милиони фискални сметки, а повратот  на 15 отсот од платеното ДДВ кон граѓаните изнесува над 80 милиони денари. Започна распределбата на картичките за зелена нафта за набавка на 30 отсто поевтина нафта за земјоделска механизација.Преку ова мерка, 200 милиони денари или над 3 милиони евра ќе се вратат назад кај околу 55.000 земјоделци, изјави пратеникот.

Според него, во меѓувреме, исплатени се 106 милиони денари кон 2.100 овоштари по основ на дополнителна субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка во преработувачки и откупувачки центри до 25ти декември 2018 година.

-Од месецов, над 3.100 вработени во детските градинки добиваат повисоки плати за над 3.000 денари, додека над 1.700 вработени во социјалната заштита добиваат повисоки месечни примања за над 4.300 денари. Веќе во септември овие вработени ќе добиваат повисоки плати за 5 отсто, како и останатите вработени во образованието, здравството, културата, судството, полицијата, одбраната. Со социјалната реформа, социјалната помош расте и до 300 отсто, а опфатот на деца кои добиваат детски и образовена додаток расте до 20 пати. Со намалувањето на ДДВ за топлинска енергија, сметките за парно веќе од овој месец поевтинуваат во просек за 200 денари месечно, што е годишна семејна заштеда од над 2.000 денари.

Ова се само дел од мерките што се реализираат а кои обезбедуваат повеќе пари назад кај граѓаните. Kонцептот „парите кај граѓаните” е системски и дава реални резултати. Како одговорна партија остануваме посветени на создавање и спроведување мерки што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард и повеќе пари во секое семејство, рече пратеникот.

Нови вести

Здруженија за заштита на животни тврдат дека во штипскиот стационар успиваат здрави животни

zane

Владата денеска ќе ја одржи редовната 155-та седница

Igor

Судењето за „Маџар телеком” одложено за 30 септември

Igor