Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска е домаќин на конференцијата „Отворено за корупцијата во спортот и штетата што корупцијата ја нанесува на младите спортски таленти”, која се одржува во Клубот на пратеници.
На конференцијата воведни обраќања ќе имаат амбасадорката на Република Романија во Република Северна Македонија Адела Моника Аксинте, амбасадорот на Република Шведска Кристин Форсгрен Бенгстон, како и Бил Вуд, шеф на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC).
На панел сесиите ќе учествуваат директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, Иван Анастасовски професор на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, истакнати спортски работници, спортисти и спортски новинари, членови на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Конференцијата е во организација на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за борба против дрога и криминал (UNODC)