Македонија

Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива: Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ

Западен Балкан е од стратегиска важност за ЕУ, а проширувањето на Унијата и Западен Балкан ќе бидат меѓу клучните приоритети на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2021 година. За Словенија многу е важно да се обезбеди стабилност, продолжување на реформскиот процес, економски развој и зајакнување на политичкиот дијалог во регионот, а целта е да се оневозможи затворање на процесот за пристапување во ЕУ.

Ова беше потенцирано на денешната онлајн на 17. Конференција на претседатели на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива, на која учествуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, а на учесниците им се обрати и словенечкиот претседател Борут Пахор.

Во обраќањето на темата на конференцијата „Кон дигитално општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот”, Џафери  потсети дека годинава, како и минатата 2020 кога се навршија 20 години од оформувањето на оваа иницијатива, фокусот е насочен кон подобрување на развојот и зајакнувањето на безбедноста на земјите во регионот, продлабочувањето на соработката помеѓу земјите членки, каде што и Република Северна Македонија има свој удел, како земја која е во процес на интеграција во Европската унија.

Од многуте темелни и специфични прашања кои се дискутираат на средбите, рече претседателот на Собранието Џафери, овој пат, фокусот е ставен на тема која се наметна на некој начин принудно, со оглед на потребата од одржување на физичка дистанца со цел почитување на препораките за спречување на ширење на пандемијата односно „Кон дигиталното општество – можности и ризици за помладата генерација што влегува на пазарот на трудот”.

– Секако дека оваа промена кон дигитално општество ќе дојдеше кога тогаш, имајќи го предвид новото време, забрзаниот технолошки развој, глобализацијата, потребата од неограничен пазар на трудот, што секако е во тесна корелација со подготовката за конкурентност на тој пазар, односно, образовната, стручната подготовка на младите генерации за успешно вклучување на тој пазар на трудот. Реално, младите се соочуваат со низа проблеми за влез на тој пазар од типот на несоодветност на стекнатите знаења и вештини во формалниот образовен процес со реалните потреби, просечниот премин на младите лица од училиште на работа, што е околу 2,5 години, како и недоволниот и квалитетен број на слободни работни места. Тука се и младите кои се во меѓу период, односно, завршиле со образование, не се вработиле, не се на некоја доквалификација. А младите, како мотор кој што ги прави и води промените во општеството, се наша приоритетна обврска, односно, на креаторите на политиките и донесувачите на одлуките во земјите, рече во обраќањето пред неговите колеги, претседателот на Парламентот, Џафери.

Во тој контекст, наведе тој, во Република Северна Македонија, во 2016 година е донесен Национален акциски план за младите, во кој беа детектирани состојбите и насоките за делување за подобрување на состојбата на младите на пазарот на трудот, со цел да се намали стапката на невработеност, што е суштинско прашање за решавање, преку имплементација на квалитетни политики за вработување кои ќе предизвикаат долгорочен позитивен ефект во развојот на нашата економија, но, и со носење на посебни закони од областа.

Дел од тие политики се: имплементацијата на активни програми за вработување преку Оперативен план, воведување на гаранција за млади, воведување младински додаток, донесување и имплементација на Законот за практиканство и Законот за младинско учество и младински политики.

– Предмет на уредување на Законот за младинско учество и младински политики се формите на младинско организирање и нивно учество во процесот на креирање политики токму за нив, меѓу другото, и поттикнување на нивниот личен, професионален и социјален развој. Од оваа перспектива, можам да потврдам дека со оглед на пандемијата на Ковид 19 која влијаеше директно негативно на состојбите со пазарот на трудот во Република Северна Македонија, сепак ефектите од имплементацијата на овие алатки може да се сметаат за успешни. Секако, пандемијата испровоцира и друга, позитивна реакција како одговор на наметнатите услови. Имено, се насочивме кон иновациите во борбата за развој и на некој начин „лекување” на економијата која за жал доживеа силен удар, меѓутоа, меѓу нив сигурно не е ИТ секторот, секако, и оние кои брзо се прилагодија на новите околности и ги адаптираа своите услуги и производство, истакна претседателот на Собранието на РС Македонија.

Во тој преод според Џафери, многу помогнал Фондот за иновации и технолошки развој, преку КРЕАТОН, што е јавен повик наменет за креирање дигитални алатки и решенија, преку нудење на ко-финансирани грантови за технолошки развој и надминување на последиците, јавни повици за иновациски ваучери со кои ја стимулираа академската заедница и јавен повик за брза реакција и дигитализација на општините. Основан е и Стартап совет и т.н. Фонд на фондови чиј приоритет е иницијативата за формирање Регионален фонд за иновации на ниво на Западен Балкан и привлекување на дигитални номади преку создавање на услови со кои земјава ќе стане атрактивна дестинација за нив.

– Ќе бидеме една од ретките земји која на претприемачи од странство ќе им понуди можност да се преселат и да работат од овде што ќе донесе позитивен ефект за локалната економија и отворени шанси за соработка и вмрежување со домашните стартапи. Секако, не можам а да не го споменам и Бизнис Акцелераторот во УКИМ, верувам дека е познат на претставниците на академската заедница на оваа конференција и верувам дека дадената поддршка ќе произведе позитивни ефекти врз економското зајакнување, отворање на нови работни места и конкурентност на пазарите и во поразвиените земји, нагласи Џафери на конференцијата на Јадранско-јонската иницијатива и на Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион.

Тој потенцира дека Јадранско-јонската иницијатива продолжува да биде семејството во кое соработуваме регионално, споделуваме искуства, учиме и заедно ги надминуваме предизвиците и воедно го олеснуваме, прошируваме и овозможуваме слободното движење, учење, работење и надградување на нашите млади генерации кои се секако затекнати од наметнатите ограничувања поради пандемијата.

– Меѓутоа, дигиталното општество и зелената трансформација се реалност и што е најважно, нудат неограничени можности за раст и развој само ако си помагаме меѓусебно искрено. Тоа ќе ни помогне на сите да најдеме поповолен излез од сегашната здравствена, социјална и економска криза, оцени Џафери.

Претседателот на Собранието изрази благодарност до виртуелниот домаќин, Државниот збор на Република Словенија, за успешно организираната конференција и изрази верба дека регионалната соработка ќе продолжи да се надградува и развива за посветлата иднина на нашите млади и за целосна интеграција на регионот во Европската Унија.

Џафери и посака успех на Република Албанија за претстојното претседателство со Јадранско-јонската иницијатива и Стратегијата на Европската унија за Јадранско-јонскиот регион помеѓу 1 јуни 2021 и 31 мај 2022 година.

На конференцијата за искуствата во нивните држави меѓу другите говореа и претседателите на Парламентите на Србија и на Црна Гора, Ивица Дачиќ и Алекса Бечиќ.

Дачиќ меѓу другото истакна дека Србија е заинтересирана за понатамошна соработка за интеграција во ЕУ, затоа што, како што рече, соработката со соседите за пристаување во ЕУ е нивна стратегиска цел.

За Бечиќ потребно е да се зајакне интерпарламентарната соработка на сите нивоа, потенцирајќи дека регионалната соработка е важен модел што отвора различни можности за соочување со бројни предизвици со кои се соочуваме.

KissAnime black clover kissanime: Jujutsu Kaisen (TV) Recap Episode Full

AniWatch watch anime free: The Rising of the Shield Hero (Dub) Episode 25