December 1, 2020 09:50
Македонија

Конференција „Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?”

„Корупција во екологијата. Како да ја препознаеме и како да делуваме?”, е темата на денешната конференција што ќе се одржи преку платформата ZOOM, во организација на Зелениот институт, со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија.

Како што е најавено, модератор на конференцијата ќе биде Лилјана Поповска, а ќе говорат Слаѓана Тасева од Transparency International Macedonia, Васко Тодоровски од Зелена лупа, адвокатката Соња Петрушева и Маја Морачанин, пратеничка и претседателка на ДОМ.

„Како да се предвидат ризиците од корупција при планирање и спроведување на инфраструктурни проекти?” е темата на којај ќе говори Тасева, претседателка на Transparency International Macedonia, додека за „Малите хидроцентрали – корупција и еколошко зло!” Васко Тодоровски, претседател на Зелена лупа.

„Коруптивни активности во институциите кои ја деградираат животната средина” е темата на која ќе се обрати Соња Петрушева, додека Маја Морачанин, претседателка на ДОМ ќе говори на тема „Како може политиката да придонесе во борбата против корупцијата во животната средина?”.