October 26, 2021 13:25
Македонија

Конференција за унапредување на јавните набавки и намалување на ризиците од корупција

– „Потребата и предизвиците во јакнењето на интегритетот во јавните набавки”, е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во организација на Центарот за граѓански комунунации.

На конференцијата ќе стане збор за досегашните напори вложени во насока на унапредување на јавните набавки и намалување на корупцијата, како и за идните предизвици и можности за засилување на улогата на независните регулаторни тела и на другите засегнати страни.

Како што е најавено, ќе зборуваат главниот државен ревизор од Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски, претседателот на Државната комисија за жалби по јавни набавки, Кирил Каранфилов,  генералниот секретар на Национална агенција за интегритет на Романија, Силвиу Попа, претставничките на јавните претпријатија, Снежана Јанческа од ЈП Национални шуми и Луиза Накова од ЈП Водовод и канализација – Скопје, експертот за јавни набавки Дарко Јаневски, в.д. амбасадорот на Кралството на Холандија, Роберт Декер, како и претставниците на Центарот за граѓански комуникации, Сабина Факиќ и Герман Филков.

Според агендата, конференцијата ќе почне со воведна сесија за важноста на интегритетот во јавните набавки и намалување на корупцијата во претпријатијата во сопственост на државата и ЕЛС, а потоа се предвидени две панел дискусии, првата за досегашните напори за унапредување на јавните набавки и намалување на корупцијата и идните предизвици и можности за засилување на улогата на независните регулаторни тела, а втората за значењето од преземање активности за постојано унапредување на јавните набавки и намалување на ризиците од корупција.

За крај е планирана и отворена дискусија со учесниците.

Конференцијата ќе може да се следи и преку ZOOM платформата, а е завршен настан на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија” што го спроведуваше Центарот за граѓански комуникации со финансиска помош од Кралството на Холандија. Проектот беше насочен кон градење на капацитети за борбата против корупција на 40 претпријатија основани од Владата на РСМ, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга. 

AnimeHeaven Watch english anime Online in HD for FREE

Legend of the Forest (https://twistmoe.net/m/W9Q8) Episode Full

Website https://animepahe.cc: Watch Kokoro Connect OVA animepahe Episode 4 free anime

Broots Episode Full

Doyoubuzz: https://www.doyoubuzz.com/kiss-anime

Producthunt: https://www.producthunt.com/@kissanimemx