July 23, 2019 14:00
Магазин

Конференција за донирање вишоци храна во Скопје Мериот хотел

Најголемите 50 компании во Република Северна Македонија утре ќе имаат можност да присуствуваат на Конференција за донирање вишок на храна која во организација на „Сите сити“  ќе се одржи во Скопје Мериот хотел.

На 19 јуни во 11 часот присутните претставници на најголемите компании ќе можат да ги слушнат предлозите и општествените придобивки од донирањето храна за целокупното општество.

Настанот ќе го отвори Блаже Јосифовски, претседател на „Сите сити“ кој ќе даде видување за состојбата во државата и за тоа како може големите компании да помогнат во намалување на проблемот со гладот и преголемото фрлање храна. На настанот ќе присуствуваат и ќе имаат излагање и Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како и претставници на бизнис секторот.

Скопје Мериот хотел како општествено одговорна компанија, секогаш ги подржува настаните од хуманитарен карактер. И овој пат тимот на Скопје Мериот хотел излезе пресрет и на организаторите на оваа донаторска конференција им ги отвори вратите на хотелот и го помогна организирањето на настанот со овозможување бесплатна конференциска сала, техничка опрема и кафе пауза.

Скопје Мериот хотел верува во успешноста на ваков тип проекти и поддржувајќи ја конференцијата, заедно со компаниите учеснички, се обидува да ја подобри состојбата на граѓаните на кои помошта им е најмногу потребна.

Хуманоста не застанува тука, Скопје Мериот хотел продолжува со своите хуманитарни проекти!

Нови вести

Среќно заљубената ќерка на Трамп не води сметка за изгледот

zane

Шекил О’Нил, односно Ди-џеј Дизел настапи на Зрче

zane

Марвел го соопшти својот прв ЛГБТ-суперхерој

Valentina