February 3, 2023 21:24
Економија Македонија

Конференции на Агенцијата за вработување во рамки на CPESSEC

Директорска конференција „Youth Guarantee: Making it Happen” и Стручна конференција „Supporting Youth Employment & Skills for Future” ќе бидат одржани денеска и утре во Скопје во организација на Центарот на јавните служби за вработување на државите од Југоисточна Европа (CPESSEC), со кој од 2022 година претседава Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.

Центарот на јавните служби за вработување е основан во 2007 година како регионален центар за размена на информации и искуства за сите активности поврзани со обезбедување услуги за работодавачите, невработените лица и зајакнување на капацитетите на јавните служби за вработување во Југоисточна Европа.

Во Центарот членуваат јавните служби за вработување од 10 држави – Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Турција и Унгарија.