April 9, 2020 07:22
Свет

Континентална Кина нема локално преносливи случаи на коронавирус

– Континенталниот дел на Кина по шести пат во последните осум дена нема нови локално преносливи случаи на коронавирус.

„Сите 67 нови пријавени случаи до крајот на вчерашниот ден стигнале од странство, како и сите 47 случаи пријавени претходниот ден”, соопшти Националната здравствена комисија.

Вкупниот број заразени од коронавирусот до крајот на вчерашниот ден во Кина е 81.285, додека 3.287 се починати, што е за шест смртни случаи повеќе од претходниот ден.

Министерството за надворешни работи на Кина денеска соопшти дека од 28 март привремено ќе го запре влезот во земјата на странците со важечки кинески визи и дозволи за престој и на тој начин ќе ја примени мерката како одговор на епидемијата на коронавирусот.

Од таа мерка ќе бидат изземени дипломатите или официјалните лица кои имаат виза „Ц”, која се издава на странци кои обезбедуваат меѓународни транспортни услуги.