April 15, 2021 10:35
Спорт

Конте: Титулата не ми е во „џебот“, таму имам само 40 евра !

Тренерот на лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Интер, Антонио Конте по триумфот над Аталанта (1:0) не дозволува опуштање кај неговите играчи. Конте потенцира дека има уште да се игра до крајот на сезоната и дека не може да се слави титула предвреме. Трофејниот стратег Конте на новинарско прашање дали ја имаат титулата во „џебот“  возврати во ист стил.

– Доколку погледнам во џебот, ќе најдам 40 евра – се насмеа Конте и додаде:

– Отидов по бензин пред мечот и ми останаа само 40 евра. Мораме да продолжиме да играме. Уште два натпревари до паузата, првиот е против Торино, кој е во долниот дел од табелата, а вториот со Сасуоло кој на сите им прави проблеми во лигата – предупреди Конте.

Интер со 62 бодови е првопласиран по 26 одиграни кола во Серија А,. Има шест повеќе од второпласираниот Милан, а следуваат Јувентус (52), Рома (50), Аталанта (49)..