Спорт

Конте не знае колку играчи ќе има на располагање поради корона-хаосот во Тотенхем

Корона-хаосот завладеа во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Тотенхем  по најновото тестирање за присуство на коронавирусот. Тотенхем утре треба да игра против Рен во Конференциската лига на УЕФА, но тренерот Антонио Конте денеска обелодени дека има само десетмина сениорски фудбалери кои не се во самоизолација.

-Искрено, исплашени сме, не знаеме што се случува и што ќе следи во наредните денови. Сведоци сме на лажно негативни лица, кои вчера беа негативни, а денеска добија позитивни тестови. И тие се во самоизолација, па сега останавме со десет сениорски фудбалери. Никој не може да гарантира дека ќе бидат десет и утре, бидејќи ќе имаме нови тестирања и не знаеме дали и колку нови позитивни случаи ќе има во клубот, изјави Конте.

УЕФА засега останува децидна на ставот дека мечот од последното коло во групата мора да биде одигран, иако според пропозициите на европската куќа на фудбалот средбата би можела да се одложи доколку клубот има помалку од 13 фудбалери на списокот, од оние кои се пријавени за настап во европските натпреварувања.

 

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

ani watch app My Hero Academia Season 4

AniWatch Bleach Episode 362

AniWatch Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway Episode 13

watch anime free Tokyo Revengers

Gintama Episode 195

tải go88