December 2, 2022 09:41
Спорт

Конте ги лути челниците на Интер па може да добие отказ

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Интер, Антонио Конте со своите изјави ги налути челниците на клубот од Милано, па може да одбие отказ. Интер не ги оправда вложените пари. Резултатите се под очекувањат. Конете кој ги бираше засилувањата нема право да се жали на екипата бидејќи му се исполнети сите желби. Интер е четвртопласиран во Серија А, а единствена шанда да ја спаси лошата сезона Конте и неговите избраници ја имаат во Лига Европа.

По желба на конте минатите два преодни рока, летниот и зимскиот вои Интер се ангажирани: Јанг, Мосес, Сенси, Барела, Бираги, Годин, Алексис Санчез, додека единствен играч кој не го бараше Конте, а е дел од Интер и Кристијан Ериксен. 
Италјанските медиумите се погласно најавуваат негова смена, бидејќи во последно време изјавите на Конте не како и на раководството кога станува збор за засилувањата. Конте не го сака Тонали кој се смета за новиот Пирло туку го бара Артуро Виадл, веќе ги отпиша Годин и Скрињар, а ги бара и Един Џеко и Емерсон Палмиери, иако знае дека тоа е речиси невозможна мисија.

Конте е свесен дека управата размислува за негова смена, но нема намера да и ја олесни задача бидејќи има договор за уште две сезони и нема намера да си поднесе оставка. Од друга страна, во Интер исто така се свесни дека неговата смена и ангажирање на Масимилијано Алегри или Маурицио Покетино би ги чинело многу на пари. Се споменува цифра од околу 150 милиони евра бидејќи треба да се исполнат и нивните желби за ангажирање на нови играчи.