January 24, 2021 14:20
Спорт

Конте ако доби отказ во Интер го чекаат во Премиерлигата

Тренерот на италјанскиот фудбалски калчолигаш Антонио Конте има најлоши резултати во историјата на клубот кога станува збор за натпреварите во Лигата на шампионите. Но како стојат засега работите на Конте сеуште не му се тресе клупата. За денеска, калчолигашот Интер има закажано годишно собрание на акционерите на кое ќе биде разгледуван и усвоен извештајот за минатата сезона во која бележат загуби од околу 100 милиони евра. Финсиското работење со загуба е добрата вест за Конте, бидејќи Интер не смее да си дозволи нови давачки за да го донесе Масимилијано Алегри.

На платниот список на Интер до идното лето се наоѓа и Лучано Спалети кој ја предводеше екипата пред Конте кој пак има загарантирана плата од 12 милиони евра годишно. Токму поради големата плата, Конте е сигурен на клупата на Интер.

Тренерот по поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, во соблекувалната им рекол на своите играчи дека поразот е болен и тежок, но дека мора да ги кренат главите бидејќи сезоната не е завршена и мораат да се борат за титулата во Серија А како и да напават нешто во Лигата на Европа доколку завршат на третото место во групата.
Доколку Конте добие отказ во текот на сезоната, тој идната година би можел експресно да се врати во Премиер лигата, каде медиумите на Островот нјавауваат дека Конте е еден од главните кандидати да го преземе Манчестер јунајтед, доколку Оле Гунар Солскјер биде сменет.

Is It Wrong to Try to Pick Up Girls in a Dungeon? III Episode 12 at ANIMEFLIX animeflix site

Watch Hunter x Hunter Episode 126 (https://animeheaven.pro/m/LDJ/ep-126) at AnimeHeaven animeheaven bna