October 16, 2021 20:51
Македонија

Кондовски во „Директно“: Сакаат да ме деградираат, но никогаш не сум бил на функција, а тие цели фамилии „пијат“ од чешмата на државата

„Не сакам да остане отворено прашање. Таков и ќе бидам и во општината. Ако добијам критика ќе го повикам секого и сакам да го решам секој проблем. Граѓаните го заслужуваат тоа. Во делот на кампањата на ВМРО ДПМНЕ, бидејќи ме прашувате поконкретно, сметам дека тоа се флоскули, неиздржани критики, баш во моментот само на кампањата кога се гледа основната цел – моја деградација. Но, не може да ја постигнат кај луѓе кои ме познаваат, а такви има доста.“-рече вечерва во политичкиот магазин „Директно“ на ТВ Тера, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Битола, Христо Кондовски.

Посочи дека многу време посветил на подготовка на програмата низ многу контакти со граѓаните. „Но, видов дека тие за жал немаат програма, дека се само тоа празни муабети, за жал сите до еден советници ги искористија за критики наместо да промовираат проекти. Дури побараа помош од повисоко, луѓе кои воопшто не ме познаваат, а оние кои ме познаваат ме знаат лично како добар и исполнителен човек.“-рече Кондовски.

Дефинитивно, немаме од што да бегаме, додаде тој. „Христо Кондовски не е повеќе извршен директор никаде. Немам управувачка функција уште од моментот кога ја поднесов кандидатурата во СДСМ. А она што го презентира ВМРО ДПМНЕ е битолски речено за никаде. Тоа баш ме профилира како добар менаџер, затоа што јас во времето кога сум бил извршен директор солидно сум ја обавувал својата функција како менаџер. Тоа значи дека и како градоначалник ќе ги штитам интересите на тие што ги застапувам, а тоа се граѓаните, и ќе ја вршам работата солидно за граѓаните. Јас кажав, не сум потпишувал, не сум располагал со државни фондови.“-рече Кондовски.

„А замислете Тони Коњановски, Зоран Коњановски, сопругите нивни итн, 20 години… директори, министри, вработени. Сите нивни потесни и пошироки фамилии како да им е пишано цело време да земаат средства од државата дали како директор, дали како доктор, дали како министер итн. Но, граѓаните нека одлучуваат за тоа .“-рече Кондовски.

Тој рече дека целиот живот работи во приватниот сектор. „Од двајца вработени во 2014 година сум стигнал на 350 вработени, сите даноци ми се платени, сите давачки, вработените земаат редовно плата и јас ќе се борам да има повеќе такви фирми. Секој млад човек да работи и стопанисува. Јас ќе се борам повеќе стопанственици, повеќе луѓе од практичниот сектор, повеќе луѓе независни да влезат во политиката, а не да ги демотивираме сега дека било кампања. Абе вика, мора да те напаѓаме. Ова е политика. Но, нема јас што да реагирам. Не сум важен јас, важни се граѓаните, да им ги презентираме проектите и да ги реализираме од 18- ти натаму. Не знам зошто се занимаваат со мене, а не со граѓаните. “-рече Кондовски.

AnimeBee: Gundam Build Fighters (Dub) anime episode 25 online free at https://animebee.to free anime online

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Baby Felix (Dub) (https://aniwatch.pro/m/QY7d) Episode 26

AnimeKisa Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animedao.nl: Watch So Cute It Hurts!! animedao Episode 2 hunter x hunter animedao