January 20, 2021 08:08
Магазин

Конан О’Брајан се повлекува од „вечерните” ТВ-шоуа

Познатиот американски водител Конан О’Брајан повеќе нема да го води „Вечерашното шоу” – претходно „Лејт најт шоу” (Шоуто доцна навечер). Тој беше домаќин на овие телевизиски вечерни емисии скоро 29 години – од 1991 до вчера.

Всушност, и во 2009. тој реши да му го отстапи своето столче на Џими Фелон, но по неколку месеци му се врати на „Тунајт шоу”. Наредната 2010 година, тоа беше преименувано во „Конан”.

Но, ова значи дека шоуменот повеќе нема да се појавува на ТВ-екраните, барем засега. Работата тој ја продолжува на стрим-платформата на ХБО (Ејч Би О). Проектот и неговиот формат се во изработка.

Во меѓувреме, тој продолжува со својата интернет-емисија.