October 25, 2020 03:12
Култура

Композиторката Ана Пандевска со светска премиера во Германија

Новата композиција под наслов „Carousel“ на композиторката Ана Пандевска, ќе има светска премиера на програмата на Фестивалот за современа музика во Демолд – Германија, во изведба на пијанистката Хајди Елзесер.

На 3 октомври, Елзесер ќе одржи соло рецитал на Фестивалот насловен„Бизарни светови“, а во склоп на рециталот се најде во тесниот избор на дела и Пандевска со композиција за пијано и трака, која го отсликува карактерот со кој е насловен и самиот овогодишен фестивал. На програмата се наоѓаат и дела од Карло Џезуалдо да Веноса, Мориц Егерт, Костадин Делиниколов, Михаило Трандафиловски.

Пијанистката Хајди Елзесер која живее и твори во Германија, редовно го промовира македонското творештво на странските сцени.