April 15, 2021 09:56
Спорт

Комплетирани двојките за осминафиналето од ракометната ЛШ

Со многу проблеми предизвикани од пандемијата со коронавирусот заврши групната фаза во ракометната Лига на шампионите. После многу одложувања и неколку натпревари регистрирани со службен резултат познати се сите осминафинални двојки

Македонскиот првак Вардар ќе има голем предизвик во двомечпт со унгарскиот првак Веспрем, кој ќе се одигра на 31. март и 8. април. Поради проблемите наметнати од коронавирусот ЕХФ одлучи сите екипи од двете групи да бидат вклучени во нокаут-фазата. 

ДВОЈКИ ЗА ОСМИНАФИНАЛЕ

ФЛЕНСБУРГ – ЗАГРЕБ

ПСЖ – ЦЕЛЈЕ

КЕЛЦЕ – НАНТ

МЕШКОВ БРЕСТ – МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ

АЛБОРГ – ПОРТО

КИЛ – ПИК СЕГЕД

ВЕСПРЕМ – ВАРДАР

БАРСЕЛОНА – ЕЛВЕРУМ

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Мотор/Мешков – Елверум/Барселона

Порто/Алборг – Загреб/Фленсбург

Нант/Келце – Вардар/Веспрем

ПИК Сегед/Кил – Целје/ПСЖ