January 30, 2023 01:46
Економија

Компании на Трамп погласени за виновни за даночна измама

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој сака повторно да се кандира за прв човек на државата на изборите во 2024 година, се соочува со дополнителни неволји. Две компании во неговата империја за недвижности се осудени за различни финансиски кривични дела. Семејниот бизнис на поранешниот американски претседател Трамп, Организацијата Трамп беше прогласен за виновен за финансиска и фискална проневера на крајот од судењето во Њујорк, објави обвинителот на Менхетен, Алвин Брег.

Поранешниот американски претседател Трамп не беше суден во овој процес. Поротата, по повеќе од еден месец судење, ги прогласи „Трамп корп“ и „Трамп пејрол корп“ за виновни по сите обвиненија, напиша обвинителот Алвин Брег на својот Твитер.