April 22, 2019 04:30
Економија

Компаниите се уште не го користат доволно факторингот како финансиски инструмент

Свеста кај домашните компании за користење на факторингот како финансиски инструмент е прилично мала и се уште постои отпор за негова примена. Овој инструмент е особено погоден за извозно – ориентираните компании бидејќи им овозможува да ги продадат нивните производи со одложено плаќање, а притоа ризикот на наплата да го преземе фактор фирмата.

Станува збор за финансиски инструмент со кој една компанија ги продава своите побарувања од купувачите на фактор фирмата, а потоа таа ги наплатува побарувањата од должниците.

Сузана Димовска-Тунтева од „Фактор трас” ДООЕЛ Скопје вели дека нивната цел е да се зголеми свеста кај компаниите за користење на овој финансиски инструмент.

– Со помош на факторингот се овозможува преку продажбата на побарувањата на клиентите, компаниите да пристигнат побрзо до финансиски средства со што се зголемува нивната ликвидност, појасни Димовска-Тунтева на денешната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.

Според неа, во последно време се зголемува интересот на компаниите за користењето на овој финансиски имструмент.

Нови вести

Раст на кинеската економија од 6,4 проценти во првиот квартал

Filip

Компанијата Фијат Крајслер повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Filip

Ролекс повторно прогласен за најпрестижна компанија во светот

Igor