December 4, 2022 19:51
Македонија Скопје

Комненовиќ: Чучер Сандево како одговорна општина и понатаму ќе им помага на сограѓаните

Геадоначалникот на Чучер Сандево Сашко Комненовиќ ја поздравви одлуката на Владата на Република Северна Македонија основните и средни училишта да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија во пресрет на прогнозираната тешка зима во време на најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна.

-Ние како локална самоуправа на која образование ни е основен постулат и обезбедување на физичка настава врвен императив ја поздравувааме одлуката на Владата на Република Северна Македонија основните и средни училишта да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија. Ваквата одлука е од витална природа за ликвидноста на општинските буџети, будејќи значајно ќе ги намали издатоците кои ги има општината по основ на електрична енергија. Со кохерентно делување на владата и општините ќе се овозможи непречено одвивање на наставата и она што е најважно, истата ќе се одвива со физичко присуство.
Средствата од разликата која ќе се јави од намалените сметки за електрична енергија, ќе бидат насочени кон нови проекти кои ќе бидат во насока на подобрување на амбиентот за одвивање на квалитетна образовна настава и подобрување на квалитетот на животот во Општина Чучер Сандево.
Според оваа одлука исто така значително помали сметки ќе плаќаат и здравствените установи. Тоа подразбира дека сите здравствени домови и амбуланти на нашата општина ќе плаќаат значително помали сметки за електрична енергија.
ГИ ПОВИКУВАМ СИТЕ ДЕЛОВНИ СУБЈЕКТИ НА НАШАТА ОПШТИНА, НО И ДОМАЌИНСТВАТА НА РАЦИОНАЛНО КОРИСТЕЊЕ ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОВАА ЗИМА. За да непречено има електрична енергија МОРА СИТЕ ДА ШТЕДИМЕ. Во таа насока ние како општина донесовме мерки на штедење. За почеток започнавме со исклучување на уличното осветлување од 00:00 часот.
НИЕ КАКО ОДГОВОРНА ОПШТИНА КАКО И ДО СЕГА, ТАКА И ПОНАТАМУ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ СО КОНКРЕТНИ МЕРКИ НА ПОМОШ КОН СИТЕ СОГРАЃАНИ ОД ЧУЧЕР САНДЕВО ‼️, изјави Комненовиќ.