Македонија

Комисијата за заразни болести ќе добие нов претседател?

Со доаѓањето на Беким Сали на позицијата министер за здравство, можно е да дојде до промени на дел од членовите на Комисијата за заразни болести. Според Фокус, новиот министер размислува дали да се смени претседателот на Комисијата, д-р Жарко Караџоски, со оглед на тоа што има слаба комуникација со новинарите, или пак да се назначи портпарол на ова тело кој ќе ја информира јавноста за сите случувања и одлуки.

„Сѐ уште не сум донел никаква одлука. Треба да седнам и да разговарам и со моменталниот претседател на Комисијата, но и со другите членови за да ги слушнам нивните размислувања. Сѐ уште сум во фаза на консултации. Можно е да има и нов формат, односно да има портпарол. Но, сепак не е донесена конечна одлука“, вели новиот министер за „Фокус“.

Во комисијата, покрај епидемилогот Караџовски, членуваат Сузана Матевска, преставник од Министерството за здравство, државниот секретар во министерството Владимир Милошев, како и поранешниот директор на детската болница Козле, Ангелчо Андоновски, директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ и доктор Ирина Бухова Сотирова, прв човек на ДСЗИ.

Исто така, во Комисијата е и Љубица Тасева од кабинетот на досегашниот прв човек во здравството Венко Филипче, како и Зоран Стојановски, државен советник и главен за превентива во ресорното министерство. Во Комисијата е и Ванчо Новоселски како преставник на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и директорот на Институт за јавно здравје, Шабан Мемети.

https://aniwatch1.com/. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

aniwatch AniWatch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2

watch anime Seirei Gensouki: Spirit Chronicles

Attack on Titan Season 2 Episode 9

aniwatcher app How NOT to Summon a Demon Lord Ω

Attack on Titan Season 3 (Dub)