June 23, 2022 20:14
Македонија

Комисијата го прифати францускиот предлог со модификации, Бугарското собрание утре одлучувае

Комисијата за надворешни работи на бугарскиот Парламент, по неколкучасовна расправа, чијшто дел беше и 40-минутниот реферат на шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска, одлучи да го прифати само предлогот на политичката партија „Демократска Бугарија“ за уредување на односите со С. Македонија. Станува збор за модификација на францускиот предлог, а оваа верзија сега оди на расправа на пленарна седница на Народното собрание, закажана за утре.

Комисијата побара документот „експлицитно да се прецизира и подобри во одбрана на бугарскиот национален интерес“ Таа ги отфрли другите два предлога, на Движењето за права и слободи (ДПС) и на ГЕРБ-СДС, а пратениците од овие две партии потоа го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија.

Откако вчера беше одложена, денешната седница ја одбележаа тензии и обвинувања, особено од опозициските партии, кои ја обвинија владејачката партија Промената продолжува на премиерот во оставка Кирил Петков дека го кочи и одолговлекува процесот.

Пратениците од „Има таков народ“ на Слави Трифонов уште еднаш се обидоа да издејствуваат прескокнување на извештајот на министерката Генчовска за преговорите со Македонија, што не беше прифатено од останатите партии.

Во текот на расправата се направи и обид да бидат обединети сите три предлози во еден, но тој предлог не помина. Од партијата Има таков народ наведоа дека дебатата е беспредметна, затоа што С. Македонија веќе го одбила францускиот предлог.

Go88 – Trang trò chơi Tài Lộc ăn tiền ảo lãnh tiền thật

sunwin khóa nick game bài sunwin truc tuyen Sun Win - Cổng Game Bài Macao, Tài Xỉu Số 1 VN