Македонија

Комеморативна академија по повод Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот

По повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, кој го одбележува и ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау од страна на Црвената

армија, Одделот за едукација и истражување на холокаустот при Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДКНА), денеска организира комеморативна академија.

Како што информираат организаторите, тема на комеморативната академија е „Сагата за преживеаните од холокаустот – Тие ја предизвикаа смртта, го засадија животот”, која годинава е посветена на еврејките и девојките кои избегаа од канџите на смртта, од кои три ќе бидат и учесници на оваа комеморација.

На настанот меѓу говорниците покрај директорот на ИДКНА Скендер Асани, се најавени претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери и министерот за надворешни работи на Израел Јаир Лапид, како и претставници од амбасадите на САД и на Германија.Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари, датумот кога пред 77 години престана да функционира нацистичкиот концентрациски логор Аушвиц.

Во резолуцијата на Светската организација со која се прогласува за Меѓународниот ден на холокаустот, се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.

На 27 јануари 1945 година Црвената армија на Советскиот Сојуз пристигна во Аушвиц. Тие наидоа на неколку илјади останати затвореници во кампот, кој беше делумно разурнат од Германците кои се повлекуваа. Преживеаните и материјалните докази укажуваа на масовните убиства кои се одвивале во Аушвиц.

anime heaven. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven DON'T TOY WITH ME, MISS NAGATORO

AnimeHeaven Attack on Titan Season 3 (Dub)

free anime One Piece

My Hero Academia Season 4 Episode 19

animeheaven es AnimeHeaven That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2