October 30, 2020 22:58
Хроника

Комби излета од пат кај Делчево, загина возачот

На 15.09.2020 во 11.50 часот било пријавено дека на магистралниот пат Делчево -Кочани, во атар на с.Драмче, делчевско, кај место викано „В’ко“, товарно возило „форд транзит“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(63) од општина Чешиново-Облешево, удрило во брег покрај патот.

Возачот починал при транспорт кон Медицинскиот центар Кочани.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Делчево.