Македонија Хроника

Командир во прилепската полициска станица приведен во денешната акција на МВР

Припадници на МВР денеска кај планинсклиот премин Плетвар пресекоа организиран транзит на дрога вредна 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, со чин командир во полициска станица, пренесува порталот СДК.

Според информациите од МВР, станува збор за поголема група на лица кои се уапсени но поради истрагата се уште не се откриваат детали ниту бројки. Кај уапсените е пронајдено и оружје.

Според информации од истрагата оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.

Акцијата МВР ја спроведе со помош на Американската агенција за борба против дрога, ДЕА.

МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.

AniWatch free anime: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/gqy3/ep-5)

4Anime watch anime: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 5.5 Episode Full (https://4anime.biz/m/2EVn/ep-1)