Ракометната репрезентација на Демократската Република Конго на стартот од Светското првенство е поразена од Аргентина (28:22), но вниманието од овој меч го привлече пивотот на оваа селекција Готје Мвумби Тјери.
Гломазниот изглед го наметна прашањето колку килограми има Мвумби !? Неговиот клуб, францускиот второлигаш Дрекс, по погрижи да ги разјасни дилемите и пријави дека Мвумби е висок 193 сантиметри и има само 110 килограми, но ретко кој им поверува, барем кога станува збор за тежината !?
Колку е вистинската килажа на Мвумбие е денешното „наградно“ прашање на СП ?