June 24, 2021 20:36
Спорт

Колку заработува секоја репрезентација од дресови: „Адидас“ дава најмногу, Македонија на дното

Како и на повеќето големи спортски турнири, претстојното Европско првенство ќе биде сцена на битка помеѓу два гиганти и ривали во производството на спортска опрема: Најк и Адидас.

Од 24 учесници на европскиот фудбалски фестивал, Најк и Адидас се технички спонзори на дури 17. Американската компанија прави дресови за девет репрезентации, а германската за осум.

Нашата фудбалска репрезентација има договор со германската компанија „Јако“ и според објавените информации, таа плаќа 500.000 евра на годишно ниво, за да биде технички спонзор. Со ова Македонија е на последното место на објавената листа, во поглед на заработка.

Најмногу заработуваат Германците. Адидас им плаќа дури 65 000 000 евра годишно, за изработка на спортска опрема. Најк му плаќа на Фудбалскиот сојуз на Франција 50 000 000 евра годишно, а на Англија 40 000 000 евра годишно. На четврто место е договорот што Пума го има со Италија и вреди 30.000.000 евра годишно.

Листата продолжува вака:

5. Шпанија (Адидас) – 18.500.000 евра годишно

6. Русија (Адидас) – 13 000 000

7. Холандија (Најк) – 11.000.000

8. Португалија (Најк) – 7.500.000

9. Турција (Најк) – 3.850.000

10. Белгија (Адидас) – 3.000.000

11. Полска (Најк) – 3.000.000

12. Шкотска (Адидас) – 2.900.000

13. Чешка (Пума) – 2.500.000

14. Шведска (Адидас) – 2.000.000

15. Хрватска (Најк) – 2.000.000

16. Швајцарија (Пума) – 2.000.000

17. Данска (Хумел) – 2.000.000

18. Велс (Адидас) – 1.500.000

19. Украина (Јома) – 1.500.000

20. Австрија (Пума) – 1.300.000

21. Финска (Најк) – 1.000.000

22. Словачка (Најк) – 1.000.000

23. Унгарија (Адидас) – 1.000.000

24. Македонија (Јако) – 500.000

Watch anime online for free at AnimeBee stream anime online. Strait Jacket Episode Full

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Okko's Inn (https://gogoanime.be/m/JAPD) Episode 24

AnimeDao Watch english anime Online in HD for FREE. Watch O Maidens in Your Savage Season Episode 12

KissAnime Gravatar: https://en.gravatar.com/kissanimemx