January 30, 2023 03:00
Спорт

Колку заработи Фјури од борбата со Чисора?

Тајсон Фјури ја одбрани титулата на ВБЦ, во тешка категорија со победа против сонародникот Дерек Чисора.

Борбата се одржа во Лондон, на стадионот на Тотенхем, а Фјури славеше со прекин во десеттата рунда. „Кралот на циганите“, доминираше во текот на целиот меч, а во однос на Чисора доминантен беше и во распределбата на парите од борбата.

Според британските медиуми, Дерек Чисора од оваа борба заработил најмалку 2,3 милиони фунти. Фјури, како што пишува „Мирор“, заработил пет пати повеќе, односно 11,7 милиони фунти. Тоа е далеку од рекордната заработка на Фјури. Во борбите против Вајлдер заработи 35 милиони евра, додека во борбата против Дилијан Вајт 30 милиони.