December 5, 2021 12:16
Магазин

Колинда со емотивен твит му посака добредојде на Макрон

Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи на својот твитер-профил за да му посака искрено добредојде на Емануел Макрон и да му каже дека жали што не може да го види.

Поранешната хрватска претседателка сподели нивна заедничка фотографија, која најверојатно е направена во 2018 година во Русија и испрати емотивна порака до претседателот на Франција, кој синоќа пристигна во Загреб во работна посета.

Таа ја напиша посветата на француски и се потпиша: твојата пријателка Колинда.

„Драг Емануел Макрон! Добредојде! Жал ми е што не можам да те видам затоа што не сум во Хрватска. Ти посакувам пријатна и плодна посета. Сѐ најдобро за тебе и за прекрасните луѓе на Франција! Твојата пријателка Колинда“

Макрон е првиот француски претседател во официјална посета на Хрватска, пренесуваат локалните медиуми.