October 14, 2019 21:55
Економија

Кои се пет професии со највисоки плати во земјава?

Пет највисоки просечни плати по вработен во јули земале вработените во секторите: компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (59.907 денари), воздухопловен транспорт (51.052 денари), дејности на изнајмување и давање под закуп – лизинг (50.576 денари), производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (44.845 денари) и финансиско-услужните дејности, освен осигурување и пензиски фондови (42.476 денари), пишува „Фактор“.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2019 година, изнесува 25.104 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, изнесува 104.3.

Нови вести

Анѓушев и Макрадули во РЕК Битола: Извршени низа на реформи во енергетскиот сектор, заштедите на ЕСМ ги насочуваме во обновливи извори на енергија и заштита на животната средина

Igor

Анѓушев: Законот за енергетика револуционерен исчекор во државните енергетски политики

Igor

Трговската размена меѓу САД и Кина во трите тромесечја се намалила за 14,8 отсто

Igor