December 1, 2022 18:07
Економија

Кога е право време да почнете со консумирање млечни производи со ниска масленост 

Свежото млеко е синоним за фантастичен и полн вкус на млеко. Но една чаша кравјо свежо млеко крие и голем број суштински хранливи материи и е одличен извор на витамини, протеини и калциум кои помагаат во создавањето и зајакнувањето на коските, ги штитат забите и ги хранат мускулите. Храната ја делиме на четири главни групи, а токму групата „млеко и производи од млеко” се наоѓа на врвот од нутритивната пирамида, па поради тоа млекото претставува неизоставен дел од здравата исхрана на човекот.

Сепак, на пазарот среќаваме различни видови млеко, но тука не станува збор за различни брендови, туку за различни видови млечна маст, па сигурно сте се запрашале што всушност значи тоа и кое млеко е најсоодветно за вас или за вашето семејство? Исто така, се поставува прашањето кога е вистинското време да се почне со консумирање млечни производи со ниска масленост.

Според упатствата за исхрана на Американската академија за исхрана и диетика (USDA), Американското здружение за срце (AHA) и Американската академија за педијатрија (AAP) се препорачува децата на возраст од две или повеќе години да се префрлат на млечни производи со помала масленост, како што се млекото и јогуртот. Во споредба со млечните производи направени со полномасно млеко, продуктите со малку маснотии обезбедуваат помалку заситени масти и повеќе протеини. Млечните производи со малку маснотии и без маснотии содржат и помалку калории, што е важно со оглед на сегашните стапки на дебелина кај децата.

Децата често се пребирливи и понекогаш го претпочитаат вкусот на полномасното млеко. Еве неколку совети како да им помогнете да направат промена! Обидете се да измешате половина јогурт од полномасно млеко со половина со малку маснотии или наизменично помеѓу двете. Спроведувајќи го ова полека, децата нема да ја забележат разликата и ќе почнат да уживаат во новиот вкус.

Покрај млеката со стандардна и висока млечна масленост (2,8%, 3,2% и 3,5%), на нашиот пазар на млечни производи имаме и млеко со 1,5% и 0,9% млечна маст, како и јогурти со пониска масленост, што претставува одличен баланс помеѓу внесувањето на сите хранливи состојки од млекото, кои се целосно задржани, и намаленото внесување масти.

За сите оние кои не само што внимаваат на внесувањето масти, туку исклучително важна им е ниската вредност на калориите и посветуваат внимание на својот изглед и се физички активни, во понудата се наоѓа и млекото со само 0,9 % млечна маст, кое се нарекува уште „light” или нискомаслено млеко. Ова млеко всушност е за лица што преферираат полесен режим на исхрана, но не треба да се заборави: и тоа ги содржи истите есенцијални хранливи вредности како и сите млека и 3,3 г. белковини, 4,4 г. јаглени хидрати и 38,9 калории во 100 г.