August 19, 2022 13:35
Македонија

Кога е заргозен криминалот на ДУИ тие обвинуваат за антиалбанство, а тие се само обични криминалци кои ќе одговараат

Секогаш кога е загрозен криминалот на ДУИ и не им оди по планот, тие шират говор на омраза и обвинуваат за антиалбанство.

Ноторни лаги се измислиците на ДУИ. И тие и СДСМ се само обични криминалци и заедно здружно ќе одговараат.

Народот, без разлика дали се македонци, албанци, турци, роми, срби, власи или било кои други сака држава со просперитет и стабилни институции, а не функционери кои во акт на агресија физички се пресметуваат со опозицијата и маваат кон пратеници со што ќе дофатат.

Народот ги прочита манипулациите на ДУИ. А СДСМ нека седи во дупка и нека молчи. Може и сега, како и за Талат Џафери ќе кажат дека Арбер Адеми не мавал по пратениците туку бркал муви и гаѓал комарци.

Ајде да видиме колку може СДСМ да се понижи.