September 22, 2019 10:26
Живот

Кога ајкула ќе проголта ајкула

Кога ајкула ќе проголта ајкула

Посетителите на големиот аквариум во Сеул беа сведоци на несекојдневна сцена, кога една ајкула нападна и проголта друга.

Во аквариумот Коекс акјула долга 2,2 метри нападнала друга двојно помала ајкула, по судир за територија.

Посетителите можеле да видат како големата тигреста ајкула полека го голта својот плен, при што и биле потребни 21 час за да го совлада секој залак.

– Тигрестите ајкули инстиктивно напаѓаат доколку нивната територија е загрозена, особено во време на парење, изјави претставник на аквариумот.

Во делот на аквариумот во кој се случил нападот заедно живеат 42 ајкули.

Нови вести

Еве зошто прстите ви се збрчкуваат, кога се во вода!

24news

Сите стават кеси со вода и пари над вратата, еве зошто…

24news

Родители го снимале синчето како си игра со огромен питон

24news