June 29, 2022 00:11
Свет

Ковид-19 се шири во САД, но хоспитализациите се намалени

Најновиот бран на Ковид-19 во САД се шири и во други делови на земјата надвор од североистокот во места како средниот Запад, Флорида и Калифорнија, соопшти Волстрит Журнал. 

Бранот се шири поттикнат од високо заразната варијанта Омикрон.  

Здравствените официјални лица ги повикаа луѓето да бидат внимателни и да примат засилувачки дози, да се тестираат пред да одат на средби и да носат маски, за да се ограничи ширењето на вирусот. 

-Мораме да направиме сѐ што можеме да ги спречиме инфекциите. Мораме да се осигураме инфекциите да не станат тешки заболувања, изјави Ашиш Џа, координатор на Белата куќа за Ковид-19.  

Во текот на седумте изминати денови во просек се забележуваат по  94.000 случаи дневно, се дознава од податоци на Центрите за контрола на заболувањата (ЦДЦ). 

Според епидемиолозите, вистинскиот број е поголем бидејќи многу луѓе се тестираат во домашни услови или вооопшто не се тестираат. 

Растот на бројот на нови случаи не укажува на зголемен број тешки заболувања.  

Просечниот дневен број на хоспитализации во изминатите седум денови достигна 18.500, повеќе од најниското ниво од 10.000 кон средината на април, но многу пониско од рекордот забележан во јануари од 150.000 хоспитализации дневно.  

Од почетокот на пандемијата во САД досега од Ковид-19 починаа над еден милион луѓе. 

go88 match app go88 apk go88

cách nạp tiền sunwin sunwin energy srl sunwin danh bai doi thuong