November 23, 2020 05:48
Македонија

Ковид го одложи и „27 Април“: Вељановски и Ристовски во изолација

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и ексминистерот Спиро Ристовски имаат решенија за изолација. Тоа беше причината денеска да се одложи судското рочиште за предметот познат во јавноста како „организаторите на 27 април”.

Решенијата за самоизолација ги добиле откако нивни блиски се позитивни на ковид-19. Позитивен на вирусот е и адвокатот на Ристовски.

Решенијата ги добиле откако нивни блиски се позитивни на ковид-19. Тие се меѓу четворицата обвинети, заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Нивниот адвокат Еленко Миланов преку медиумите јавно побара, а најави дека ќе подготви и писмено барање, Комисијата за заразни болести да изработи протоколи за одржување на судски рочишта, со оглед дека секојдневно се наоѓаат во судниците по повеќе часови, каде што често има голем број луѓе и тешко се одржува растојание.

Во овој случај обвинети се Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.